Силна и просперитетна Македонија

01.01.2015

Силна и просперитетна Македонија

Демократскиот сојуз, на сите граѓани, им ја честита Новата 2015 година и им посакува среќни Новогодишни и Божиќни празници, со искрени желби за добро здравје, мир и благосостојба.

Во новата година да се сплотиме и обединиме за да бидеме посилни и да ги оствариме нашите цели.

Граѓаните на Република Македонија покажаа дека се храбри и одлучни да ги промовираат и негуваат вредностите кои не обединуваат како нација, а посебно грижата едни за други, солидарноста, вербата и одговорноста.

Веруваме дека сите заедно можеме да постигнеме повеќе и да придонесеме за посреќна иднина. Подготвени сме да се соочиме со предизвиците и да носиме одлуки во интерес на сите граѓани, без разлика на верата, нацијата и социјалната положба.

Нашата цел е силна и просперитетна Македонија!

partners partners partners partners partners partners