Претставник на ДС учествуваше на работилница за Имплементација на Законот за младинско учество и младински политики

21.12.2023

Претставник на ДС учествуваше на работилница за Имплементација на Законот за младинско учество и младински политики 

Претставникот од Демократски сојуз Богоја Петровски изминатиот викенд учествуваше на работилница од вториот модул на Институтот за напредно политичко лидерство (ALPI), организиран од Меѓународниот републикански институт (IRI).

Темата на работилницата беше „Како успешно да се применува Законот за младинско учество и младински политики'“. Лидерот на Демократски Сојуз на младите ги изнесе своите ставови за создавање на погодна околина за активно учество на младите луѓе во сите процеси кои директно ги засегнуваат, со надеж дека нивната активност и нивното учество ќе придонесат кон подобрување на условите и имплементација на Законот во земјата.

partners partners partners partners partners partners