Претставнички на Демократскиот сојуз на Работилница за помалите политички партии

27.11.2023

Претставнички на Демократскиот сојуз на Работилница за помалите политички партии

Во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во Македонија“, претставнички од Демократскиот сојуз, Елизабета Стефковска, член на Претседателството на ДС и советник во Општина Кисела Вода и Елисавета Јаневска – претседател на женскиот огранок на ДС-ДСЖ учествуваа на дводневната работилница насловена „Мобилизирање на потенцијалот на помалите политички партии за претстојните парламентарни избори“, која се одржа на 24 и 25 ноември 2023 година, во Маврово. Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија и имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Работилницата беше реализирана од страна на меѓународната експертка за политички партии, Лолита Чигане, ангажирана во рамките на проектот. Целта на работилницата беше да се даде придонес кон зајакнувањето на капацитетите на политичките партии за креирање ефективни политики и изборни кампањи.  Ангажманот на експертката беше во насока да им помогне на членовите на политичките партии во обезбедувањето клучни принципи за формулирање на своите позиции, микротаргетирање, испраќање пораки и комуникациски стратегии, кои ќе бидат од корист при подготовката за претстојните парламентарни избори кои треба да се одржат следната година.

partners partners partners partners partners partners