ОД СИРИЈА И ИРАК РЕПАТРИРАНИ ДРЖАВЈАНИ НА МАКЕДОНИЈА – 4 МАЖИ, 5 ЖЕНИ И 14 ДЕЦА

18.07.2021

ОД СИРИЈА И ИРАК РЕПАТРИРАНИ ДРЖАВЈАНИ НА МАКЕДОНИЈА – 4 МАЖИ, 5 ЖЕНИ И 14 ДЕЦА

„Подобро е организирано враќање и рехабилитација отколку неконтролирано враќање на лицата од воено конфликтни подрачја“ изјави за ТВ24 поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, по веста за акцијата на Владата со процесот на репатријација на државјани на Македонија од Сирија и Ирак за 4 мажи - странски терористички борци, 5 жени и 14 деца.  

Процесот е спроведен согласно обврските на Македонија кои произлегуваат од меѓународното право, стандардите и резолуциите на Советот за безбедност при Обединетите нации,  соопшти Владата. 

Инаку „против четворицата странски терористички борци, по претходно обезбедени докази од страна на Министерството за внатрешни работи, поднесени се соодветни кривични пријави во согласност со националното законодавство. Поради нивна недостапност на органите на прогонот, за истите имаше распишано меѓународни потерници, а во нивно отсуство, определена е мерка притвор. Надлежните служби ќе работат на обезбедување докази за можно учество во инкриминирани дејствија, за секој случај поединечно“.

Од МВР за ТВ24 информираа дека претходно во 2018. година се репатрирани 7 лица, во февруари 2020. едно лице и во март истата година три женски лица.

 

Извор: 24 Вести

partners partners partners partners partners partners