Младите на Демократски сојуз избраа ново раководство

14.03.2015

Младите на Демократски сојуз избраа ново раководство 

Денес, на 14.03.2015 година, Демократски сојуз на млади, го одржа петтото Изборно собрание на кое за претседател е избран Миодраг Димов (правник)  за потпретседатели: Александар Илиевски (филолог) и Јово Батковски (м-р по право), а за секретар Елена Денковска.

Досегашниот претседател на ДСМ, м-р Даниел Ефтимов, во својот извештај за досегашните активности, порача: Во младите е иднината. Младите на Демократскиот сојуз како подмладок на партијата сметаат дека на македонската држава и се потребни млади луѓе кои ќе бидат ГЛАСОТ и ЛИКОТ на Македонија.

На собранието имаше и свое обраќање Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, кој зборуваше за актуелната политичка состојба и нагласи: “Наместо натамошни конфронтации и поделби, повикувам  на разумно однесување и политички дијалог за излез од длабоката политичка криза, која има негативен одраз врз стабилноста, економскиот развој и владеење на правото”.

Трајанов смета дека кризата не може да се реши со протести, митинзи и со манипулативна медиумска кампања, туку со искрен пристап, сплотеност, единство и водење сметка за националните и државните интереси, повикувајќи да се престане со ширењето на омраза и меѓусебни навреди.

Трајанов најави дека во текот на наредната недела ќе го промовира “Проектот за Македонија да биде една изборна единица”, оценувајќи дека тоа е модел кој ќе обезбеди фер и демократски избори ,а изборните резултати ќе бидат реален одраз на волјата на граѓаните. 

Во работата на Собранието учествуваа над 120 делегати, при што во дискусијата беше нагласена определбата и потребата, да се создаваат услови за младите, креативни и стручни кадри да останат во Македонија .

partners partners partners partners partners partners