Комисија за случувањата во Парламентот

28.12.12

Потребна е комисија за случувањата во Парламентот

Демократскиот сојуз ја разгледува можноста да иницира формирање на Комисија во македонскиот Парламент, која треба да ги разгледа сите аспекти сврзани со случувањата на 24.12.2012 година.

Доколку се постигне начелна согласност од сите партии застапени во Собранието на Република Македонија, иницијативата и предлог-одлуката ќе бидат доставени до Собранието.

Демократскиот сојуз смета дека политичките недоразбирања треба да се надминат преку воспоставување на дијалог помеѓу сите одговорни политички субјекти, а првиот чекор би бил формирање на парламентарна комисија.

partners partners partners partners partners partners