Кампања за борбата против насилство врз жените

29.11.2023

Кампања за борбата против насилство врз жените

Во рамки на светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство врз жените“ претставничката на Демократскиот сојуз Елизабета Стефковска, како актуелен советник во Советот на Општина Кисела Вода, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ имаше видео обраќање за општинската кампања „Кажи НЕ за насилство на жената“.

Нејзината порака беше следна:

„И покрај бројните заложби за заштита на жените, од сите видови на насилство, за жал сѐ уште е предизвик за сите нас и за општеството, моделот на превенција кој ќе биде ефикасен и ефективен. Потребен е подобар дијалог со носителите на одлуки, во насока на подобрување на законодавството, кое се однесува на насилството врз жени и родово базираното насилство. Потребна е поголема вклученост и видливост на женските организации во практикување на правата на жените во процесот за пристап кон ЕУ. Сѐ уште има потреба од поголема заложба за учество на жените во локалната и извршната власт, како и за имплементација на Истанбулската Конвенција“, изјави таа.

partners partners partners partners partners partners