ДС: Потребен е политички дијалог помеѓу партиите од власта и опозицијата

27.12.2014

ДС: Потребен е политички дијалог помеѓу партиите од власта и опозицијата

Централниот совет на Демократскиот сојуз одржа седница на која беа разгледани повеќе прашања и заземени ставови за актуелните политички состојби.

Централниот совет на ДС оценува дека актуелните политички состојби во државата наметнуваат потреба од интензивирање на дијалогот помеѓу партиите од власта и опозицијата, при што неопходно е тој процес да биде транспарентен и да резултира со компромис во интерес на граѓаните и стратешките интереси на Република Македонија.

Политичкиот дијалог е неопходен и поради крупните реформи кои се предвидуваат со промените на Уставот, посебно во судскиот систем, отворањето на финансиски зони, ограничување на можноста за задолжување на државата,  дефицитот и др. 

Посебно се значајни и реформите во високото образование, (воведување на државниот испит), здравството и слично.

Демократскиот сојуз смета дека реформите мораат да бидат резултат на продлабочени анализи, јавна и аргументирана дебата, вклучување во градењето на конкретните решенија на науката како и сите заинтересирани субјекти, експертската јавност, политичките партии,  невладиниот сектор и медиумите.

Во услови на крајно спротивставени ставови околу воведувањето на државен испит за студентите, дебатата треба да се одвива со висок степен на одговорност и взаемно уважување на аргументите и градење на компромис, кој ќе биде во функција на подобрување на квалитетот на образованието и целосно зачувување на автономијата на универзитетите. Реформите во оваа област мора да ги имаат во предвид аргументите на професорите и студентите.

Во наредната 2015 година за Демократскиот сојуз приоритетните определби ќе бидат насочени кон имплементација на изборната програма на ДС, но пред се, економскиот развој, јакнење на демократските институции и владеење на правото, динамизирање на евро-интеграциските процеси, борбата против корупцијата и слободата на изразувањето и печатот. 

На седницата беше обновено и Претседателството на ДС, при што, покрај постојните, за нови членови се избрани м-р Драгана Кипријановска, м-р Даниел Ефтимов, инженер Стојан Ристовски, инженер Звонко Смиљков и инженер Николче Ѓоргевски. 

За генерален секретар на Демократски сојуз е избрана м-р Верица Филиповска.

partners partners partners partners partners partners