ДС ги повикува граѓаните да гласаат за Ѓорге Иванов и „Коалицијата за подобра Македонија“

25.04.2014

ДС ги повикува граѓаните да гласаат за Ѓорге Иванов и „Коалицијата за подобра Македонија“

Демократскиот сојуз ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, како  и сите граѓани, на 27 април, масовно да излезат и да гласаат за Ѓорге Иванов, кандидатот за претседател, како и за кандидатите за пратеници на „Коалицијата за подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ:

- Во ИЕ 1 (5) Никола Груевски

- Во ИЕ 2 (5) Гордана Јанкуловска

- Во  ИЕ 3 (5) Никола Тодоров- Во  ИЕ 4 (5) Зоран Ставревски

- Во  ИЕ 5 (5) Антонио Милошевски

- Во  ИЕ 6 (5) Никола Поповски

Со изборот на Ѓорге Иванов за претседател и  обезбедување на стабилно парламентарно мнозинство (од најмалку 62 пратеници), ќе продолжат  реформите, со што ќе се создадат услови за отварање на нови работни места за подобра иднина на сите граѓани, посебно на младите генерации, владеење на правото, борба против огранизираниот криминал и  корупцијата, како и полноправно членство во НАТО и ЕУ, како наш врвен национален и државен приоритет.

Демократскиот сојуз апелира до политичките партии и граѓаните, сите заедно да направиме сé што е во наша моќ, изборите да поминат во мирна и  демократска атмосфера.

partners partners partners partners partners partners