ДС: Честитки за двојната победа

29.04.2014

ДС: Честитки за двојната победа 

Демократскиот сојуз на г. Ѓорге Иванов му го честита изборот за претседател на Република Македонија, а на г. Стево Пендаровски му упатуваме честитки за освоените 398 илјади гласови. 

Им се заблагодаруваме на сите членови и симпатизери на Демократскиот сојуз, како и на сите граѓани кои гласаа за кандидатите за пратеници на „Коалицијата за Подобра Македонија“, со што се обезбеди убедлива победа од 61 пратеник. 

Пред избраниот претседател и парламентарното мнозинство стои огромна одговорност за создавање услови за подинамичен економски развој и отворање  нови работни места, обезбедување стабилност и правна сигурност, еднакви можности и шанси за сите граѓани, ефективна борба против организираниот криминал и корупцијата, како и медиуми кои ќе се борат за вистината и објективно информирање. 

Демократскиот сојуз ги повикува сите партии да ги надминат личните и партиските интереси и приоритет да им дадат на интересите на граѓаните, како и на стабилноста, економскиот развој и просперитетот на Република Македонија. 

Во тој контекст, сметаме дека обидите на опозициската СДСМ да ја опструира волјата на своите гласачи, претставува авантура со неизвесни последици за сите граѓани, но пред се’, тоа негативно ќе се одрази врз стабилноста на Република Македонија.Ви благодариме за соработката.

partners partners partners partners partners partners