15.5.2024
Димитровски за ТВ 24: Фашизам е некој да ви забрани да велите Македонија, и во договорот пишува дека двете страни може да го користат името
„Претседателката Силјановска е професорка по уставно право и најдобро од нас го знае тоа. Овде имате подготвен записник и тоа се чита, па не знам зошто се прави драма од една изјава која не дека не е важна, важна е оти претседателката сакаше да испрати порака со тоа што рече Македонија. Порака е што промената на името беше донесена на шверцерски начин во Собранието, а името Македонија е вечно и Македонија го задржува правото еден ден можеби и да си го врати тоа име. За жал во Преспанскиот договор пишува дека никој, а тоа важи за нас, нема право да го менува договорот во однос на именувањето на државата. Од правен аспект, договорот не е прекршен, а за политички аспект можеме да зборуваме. И другата страна многу пати е прекршен Преспанскиот договор и не именуваат како Скопје, а не како Северна Македонија. И за овој проблем треба да се седне и да се разреши, а ако не може меѓусебно да се побара помош од ОН или Меѓународниот суд. Треба да видиме до каде сме отидени ние а до каде грчката страна со остварувањето на Преспанскиот договор“, вели Зоран Димитровски од Демократски сојуз во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
- Фашизам е некој да ви забрани да велите Македонија. И во договорот пишува дека двете страни може да го користат името Македонија, вели Димитровски.
Димитровски вели дека ние, како држава, го исполнуваме Преспанскиот договор, издаваме документи со новото уставно име.
- Имавте цела структура од претходната власт која во сите говори во изборната кампања не го употребуваше уставното име туку Македонија оти сметаа дека тоа не резонира кај гласачите. Од друга страна, имате претседателка која и во кампњата го кажа тоа што го направи. Ние треба да покажеме дека и ние имаме достоинство, а не да правиме провокација. Зошто ФИРОМ низ Грција не се смета да за провокација или кога премиерот Мицотакис вели Скопје наместо Северна Македонија, значи потребен е реципроцитетна примена на Преспанскиот договор, вели Димитровски.
Димитровски вели дека за следниот период е важно да не се прават провокации, но да се најдат начини како овие договори обострано да се спроведат. И со Бугарија, со францускиот предлог, идејата е да живееме како два народа, две нации, во добрососедски односки, а не да се гедаме преку нишан, вели Димитровски.
Извор