22.1.2025
Димитровски во 24 анализа: Посетата на нашата делегација за време на на инаугурација на Трамп е многу важен чекор

Заменикот министер за надворешни работи Зоран Димитровски, во 24 анализа рече дека посетата на владината делегација во Вашингтон за време на инаугурација на новиот претседател Доналд Трамп е многу важен чекор за напредок на нашата држава.
Според него иако е тешко да се биде во фокус на новата администрација на Трамп сепак значајно е да сме присутни и да бидеме во чекорот на промените
„Малите земји како Македонија важно е да фатат некаков приклучок во таа приказна. Добро е што нашата делегација оствари средби со првите луѓе од тимот на Трамп, со министерот за трговија, претседателот на Републиканската партија и со други играчи. Сметам дека е важно сето ова бидејќи новата администрација ќе ги редефинира односите со Европа и важно е да сме таму“, изјави Димитровски.
Тој рече и дека од новата администрација на Трамп очекува поддрша и еден вид медијација во процесот на преговори со Европската унија но и во процесот на преговори со Бугарија.
„Добро е што имаме фокус од ЕУ и од Бугарија. Сега кога веќе се формира нова Влада во Софија знаеме дека тоа е добар знак. Ние изминатиов период зборувавме и во Брисел и во Вашингтон и во други земји и се обдиовме да ја објасниме нашата позиција. Идејата е да се напрви овој процес предвидлив и во таа насока ние имаме соодветни решенија кои ги нудиме на ЕУ и кога ќе почне дијалогот со Бугарија сакаме да ја објасниме нашата позиција и да најдеме заедничко решение“, рече Димитровски и додаде дека имаат предлози за решавање на проблемот со уставните измени.
Според него, новите такси и тарфи кои ќе ги воведе Трамп во однос на ЕУ, најмногу ќе бидат насочени кон автомобилската индустрија.
Извор