Демократски сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи

15.01.2024

Демократски сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи

Демократскиот сојуз бара Владата на Македонија на утрешната седница да отвори расправа за важноста на личните документи, да донесе соодветни одлуки, да ги задолжи министерствата за нивно спроведување и да ги информира граѓаните.

Прво, личните карти, како документи за внатрешна употреба да можат да се користат до датумот на нивната важност.

Тоа значи дека ќе можат да се користат насекаде, пред сите институции, во банките, за гласање на избори итн.

Второ, возачките дозволи, да можат слоободно да се користат во внатрешноста на Македонија, додека за користење во странство нивната важност е поврзана исто како и важноста на патните исправи, односно можат да се користат до 12.02.2024, доколку не се продолжи овој рок.

Трето, согласно Договорот од Преспа и уставните измени, важноста на личните документи кои се користат во странство (патните исправи и возачките дозволи), истекува на 12 февруари 2024 година, поради што Владата да го задолжи МНР да побара Грција да се согласи овој рок да се продолжи до денот на важноста на овие исправи или најдоцна до 31.12.2024 година, поради технички причини и немање кадровски капацитет да се заменат со  променетото име на државата до рокот дефиниран со Преспанскиот договор и уставните измени.

Со патните исправи државјаните на Македонија кои се во странство слободно да можат да патуваат и да се вратат во Македонија.

Во оваа насока, Владата да се согласи Уставниот суд да ја одложи примената на законските рокови за важноста на возачките дозволи и патните исправи, согласно иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ.

За актуелната состојба со метежот и малтретирањето на граѓаните пред шалтерите на МВР, мора да се најде решение, но истовремено Владата и ресорните министри мора да понесат одговорност.

partners partners partners partners partners partners