Демократски сојуз: Само силен синдикат е гарант за работничките права

1.5.2024

Демократски сојуз: Само силен синдикат е гарант за работничките права

Демократски сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1 Мај.
Во услови на влошена економско-социјална положба на работниците, единствен гарант се само силни синдикати.
Независни цврсти, добро организирани и меѓусебно координирани синдикати можат да ги штитат и унапредуваат правата на работниците.
Слабо платените работници и други работоспособни граѓани ја напуштаат Македонија. Ваквата состојба е резултат на вкупните лоши политики и негрижата на власта и работодавците кон тие што работат и создаваат нови вредности.
Демократскиот сојуз е прва партија која во македонскиотПарламент предложи минимална плата, како што предлагаме и дефинирање на минимална пензија.
Повеќе од јасно е дека е неопходен системски пристап и вреднување на трудот на секој вработен, но без реформи и борба против високата корупција состојбите нема да се променат.
Според Павле Трајанов: „НАРОДОТ НЕ МОЖЕ ДА СОЗДАДЕ ТОЛКУ КОЛКУ ШТО ВЛАСТА МОЖЕ ДА УКРАДЕ“.
Демократскиот сојуз ги повикува синдикатите, на претстојните избори да се вклучат во промените.


partners partners partners partners partners partners