Демократски сојуз: Политичката мафија може да се сотре со независни и високо професионални институции

23.6.2023 

Демократски сојуз: Политичката мафија може да се сотре со независни и високо професионални институции

Ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД е сериозна опомена против политичката мафија која владее со Македонија и против која никој не се осмелува да започне системска „војна“ сѐ до нејзиното искоренување.

Водачите на овој октопод кој го разорува целокупниот систем и ја уништува државата и надежта на младите се етаблирани во партиите, Владата, судовите, обвинителствата и институциите задолжени за откривање и сузбивање на криминалот и високата корупција.

Државата ни е во колапс, партизацијата и неподготвеноста да се изградат независни институции надвор од партиските влијанија и центрите на моќ, ги суспендира владеењето на правото и законитоста.

Потребен ни е генерален ремонт на државата, но тој процес ќе потрае и за него е потребна политичка волја по следните парламентарни и претседателски избори и по донесување на нов Устав на Македонија. Инаку, Уставот ги задушува демократскиот развој и одговорноста, како предуслови за државата да се движи напред.

Во меѓувреме, повикуваме најитно, Парламентот да го донесе Законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со што ќе започне жестока борба и справување со криминалот што го прават функционерите.

Инаку, овој закон пред неколку дена во првата фаза го поддржаа пратениците од сите партии.

Наместо министрите да се чудат за тоа како Мерко се нашол на црната листа, да погледнат околу себе и да видат дека се бетер од Мерко и да се повлечат од функциите, а не еуфорично да ги повикуваат институциите да делуваат, кои во суштина се блокирани од самите нив.

partners partners partners partners partners partners