Демократски сојуз: Нов закон за амнестија поврзан со уставните измени

22.9.2023

Демократски сојуз: Нов закон за амнестија поврзан со уставните измени

Во емисијата САМО ВИСТИНА на ТВ Канал 5, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, изјави дека СДСМ и ДУИ подготвиле сосема нов закон за амнестија со кој треба да се ослободат од натамошно издржување на казните осудени лица, потоа да се запре постапката за тие што сѐ уште трае, а во функција на обезбедување гласови за уставните измени со кои Бугарите треба да бидат вградени во Уставот на Македонија.

Инаку, со овој закон се опфатени сите случаи што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, осудените за настаните од 27 април 2017 година, како и дел од функционерите од актуелната власт против кои се води кривична постапка.

Во подготовката на Законот за амнестија вклучени се експерти, обвинители и адвокати, а направен е и преглед на кривични дела за кои се осудени или се води постапка против носители на функции кои треба да бидат опфатени со амнестијата.

Во суштина, сѐ е подготвено онака како што беше одлуката за аболиција донесена од Ѓорге Иванов, со тоа што наместо аболиција сега ќе се оди со амнестија, закон кој треба да го донесе Парламентот.

partners partners partners partners partners partners