12.9.2025
Демократски сојуз – дел од коалицијата за локалните избори „За Твоја Македонија“!

Генералниот секретар на Демократски сојуз, Зоран Димитровски и потпретседателите Зоран Петров и Верица Филиповска денеска учествуваа на промоцијата на изборната коалиција за претстојните локални избори „За Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Заедно со претставниците на 25 коалициски партнери потпишавме „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“.
Очекуваме фер и демократски изборен процес и изборна кампања во која пред граѓаните ќе излеземе со решенија за нивните проблеми. Коалицијата „За Твоја Македонија“ oчекува голема победа на претстојните локални избори каде што Демократскиот сојуз ќе има свој значителен придонес.
