Демократски сојуз: Да се суспендираат партиските директори на М-НАВ

04.01.2024

Демократски сојуз: Да се суспендираат партиските директори на М-НАВ

После неколку мега афери во М-НАВ, денес се случи и упад во контролата на летање и физички напад на контролори на летање. За да се спречат можни катастрофални последици, бараме Владата да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ.

Го повикуваме раководството на МВР да преземе најитни мерки против тие што упаднале во објект на М-НАВ, како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање. Со ваков криминал, нестручност и партизација на витални државни институции нема да стигнеме никаде, уште помалку во Европската унија. Со ДУИ и СДСМ, Македонија ја зафати, не катастрофа туку катаклизма.

partners partners partners partners partners partners