Демократски сојуз: Брутален напад на правото

6.9 2023

Демократски сојуз: Брутален напад на правото

Демократскиот сојуз укажува дека измените на Кривичниот законик, со кој се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружение, претставува брутален напад на владеење на правото и правдата и класична амнестија на функционерите на СДСМ и ДУИ за криминалот што го правеа изминатите седум години.

Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да не ги гласаат предложените измени, со целосен бојкот на седницата. Ги повикуваме новинарите, невладиниот сектор, експертите и граѓаните гласно да се спротивстват на овој криминален акт кој треба да го верифицираат пратениците на СДСМ и на ДУИ.

Во Парламентот се злоупотребува европското знаме и се врши силен притисок над пратениците по секоја цена овие промени да се изгласаат за неполни 24 часа.

Вакви крупни промени на Кривичниит законик морат да поминат низ јавна и експертска расправа.

Во Македонија на сцена е политичката мафија, треба да ја спречими со граѓански отпор.

Сите треба да бидеме свесни дека се рушат темелите на државата, затоа имаме обврска да го спречиме тоа.

partners partners partners partners partners partners