16.11.2024
Демократски сојуз: Активистки на Демократски сојуз подготвуваа храна за сиромашните и незгрижените
Денес активистки на Демократски сојуз во соработка со Хуманитарната организација на Црквата „Свети Спас, Скопје, учествуваа во подготувањето и служењето на топол оброк на лица социјално загрозени и без свој дом.
Ова е продолжение на хуманитарната активност на Демократскиот сојуз на жените, а во функција на активирање на сите хумани да направат нешто повеќе за оние на кои им е потреба грижа и помош од заедницата.
За згрижување на овие граѓани потребно е и поорганизиран општествен пристап и вклучување на невладиниот сектор, хуманитарните организации и сите добронамерни и хумани граѓани.