Анастасија Олумчева од Демократски сојуз е новиот градоначалник на Богданци

10.04.2013

Анастасија Олумчева од ДС е новиот градоначалник на Богданци

Демократскиот сојуз и Коалицијата за подобра Македонија добија нов градоначалник на општина Богданци.

Анастасија Олумчева во 2008 година дипломирала на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје.

Од  2011 година работи во Одделение за Урбанизам во Општина Дојран. Пред започнувањето на овој работен однос  работела во Одделението за Урбанизам во Општина Богданци, во Бирото за проектирање „Етапа Проект“ Скопје, како и во Бирото за проектирање „Тетрактис“ Скопје.

Покрај формалното образование има и обемно познавање на компјутерските програми AutoCad, 3d Modeling, Microsoft Office и сл., како и на англискиот јазик.

При преземањето на градоначалничката функција, Олумчева нагласи дека ќе се залага да ја оправда довербата на граѓаните и притоа ревносно ќе ги извршува сите одговорности кои се очекуваат од неа. 

partners partners partners partners partners partners