25 Минути: Убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски: Дали истрагата ќе опфати политички структури?

10.12.2023

25 Минути: Убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски: Дали истрагата ќе опфати политички структури?

Претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов гостуваше во емисијата „25 Минути“ на ТВ „Шења“ и разговараше со новинарката Билјана Секуловска за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за пропустите во истрагата, но и за тоа дали истрагата ќе опфати политички структури.

„За првпат имаме јавноста да биде вклучена во потрагата или во расчистувањето на грозморното убиство на детето Вања. Покасно предмет на интерес стана и фризерот од Велес. Треба да се расчистат сите детали, да се види дали има пропусти, евентуална одговорност. Добро е што јавноста беше вклучена затоа што ако не беше притисокот на јавноста, особено на медиумите и социјалните мрежи, потешко ќе се доаѓаше до сите клучни информации за да започне процесот на разоткривање на целиот случај. Верувам дека ќе се доаѓа до нови информации и сите тие информации ќе бидат проверувани и документирани“, смета Трајанов.

Лидерот на ДС укажа дека однесувањето на првообвинетиот е резултат на тешките форми на организиран криминал во државата, на високиот степен на криминализација и тоа е рефлексија на непостапувањето, непреземањето мерки на државните институции првенствено на МВР.

„Тоа сега ни се враќа, културата на неказнивост, неодговорност, силната партизација, блокадата на институциите, парализата на институциите - тие не функционираат.  Државниот врв, министри и така натаму, сите имаат конекции со овие криминални банди - во нарко бизнисот, рекет што прават, оние што се бават условно кажано со политика, а во суштина се само за дискредитирање на политичкиот противник. Во суштина, борбата за власт и пари, тоа е корупцијата во високите кругови“, укажа Трајанов.

Целосното интервју може да го погледнете во видеото:

partners partners partners partners partners partners