Трајанов за Фокус: Интерната истрага во „Телеком“ покажала дека прислушувањето одело преку МВР!

22.10.2015

Трајанов за Фокус: Интерната истрага во „Телеком“ покажала дека прислушувањето одело преку МВР!

Македонски телеком не се интересира дали прислушувањето е законско или не, туку неговиот систем само ги регистрира броевите на луѓето што се предмет на прислушување.

Внатрешната истрага во Македонски телеком, кој е дел од германската групација Дојче Телеком, а малцински сопственик е македонската влада, покажала дека прислушувањето било инцирано од Министерството за внатрешни работи.

- Системот за прислушување е така поставен што бројот се внесува во Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР, додека тој само се регистрира во системот на операторот, кој не го интересира дали лицето кое е предмет на прислушување е законски или незаконски, бидејќи законот не предвидува одговорност за операторот. Негова должност е само да набави систем компатибилен со оној на МВР, но може да провери од која адреса било иницирано прислушувањето. Истрагата во Македонски телеком покажала дека броевите биле внесени од МВР.

Откако опозицискиот лидер Зоран Заев почна да ги објавува прислушуваните разговори во рамки на проектот „Вистината за Македонија“, Телеком, по налог на мнозинскиот акционер Маѓар Телеком, кој е пак е дел од групацијата Дојчле телеком, започна внатрешна истрага со надворешни експерти. До МТ испративме прашања дали е во фаза истрагата и дали, доколку е завршената покажала дека прислушуваните броеви биле внесени преку МВР. Се уште чекаме одговор…

Извор: Фокус

partners partners partners partners partners partners