Павле Трајанов против насилните протести

07.04.2013

Павле Трајанов против насилните протести

Демократскиот сојуз најостро ги осудува протестите со насилство, како и секојдневните напади на млади и невини граѓани.

Демократскиот сојуз инсистира на одговорно и разумно однесување, како и превентивно дејствување на сите политички партии, невладини организации, верски заедници, медиумите и граѓаните во целина.

Протестите со насилство не можат да бидат средство за остварување на политички, етнички или верски интереси, тоа е неприфатливо и затоа бараме енергични, ефективни и координирани активности и мерки од сите државни институции, вклучително и од судскиот систем.

Организаторите на овие насилни протести  се обидуваат да печалат политички поени, разгорувајќи меѓуетнички судири, со несогледливи последици по стабилноста, мирот и нормалното одвивање на животот.

Демократскиот сојуз бара државните институции да ги објават организаторите на насилните протести и спрема нив да преземат законски мерки.

Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните да не учествуваат во протестите, да ги изолираме и поразиме насилниците.

partners partners partners partners partners partners