Демократски сојуз: Аболицијата да се повлече во целост

19.05.2016

Демократски сојуз: Аболицијата да се повлече во целост

Демократскиот сојуз, инсистира аболицијата да се повлече (поништи) за сите 56 лица, носители на високи државни и политички функции, како и за нивните соработници.

Мора да се почитува Уставното начело дека сите граѓани се еднакви пред законот и секој што ја злоупотребил функцијата и довербата на граѓаните, мора да понесе одговорност, да му се одземе тоа што го украл од граѓаните и да му се забрани политичко дејствување од најмалку 10 години.

Обидите преку промена на Законот за помилување, повлекувањето на аболицијата да биде селективна, ја покажува ароганцијата и пркосот спрема целокупната демократска јавност и граѓаните кои протестираат.

Го повикуваме Ѓорге Иванов, до крајот на денот, да ја повлече одлуката за помилување за сите 56 помилувани и против сите нив да продолжат постапките пред надлежниот суд.

Повеќе од јасно е дека државниот врв наменски лиферува скандали и ја дефокусира јавноста, се со цел, креаторите на политичката но и државна криза да не понесат одговорност.

partners partners partners partners partners partners