Учество на ДСЖ: „Насилството врз жените – дел од агендата на политичките партии во Република Македонија„



18.02.2017

Учество на ДСЖ: „Насилството врз жените – дел од агендата на политичките партии во Република Македонија„

Насилство врз жените се разбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и закани за такви акти, изнуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот.

Семејно насилство ги означува сите акти на физичко, сексуално, психичко односно економско насилство  што  се  случуваат  во  рамките на  семејството  или  домаќинството  односно  помеѓу поранешни или сегашни сопружници или партнери, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не.

Потребни мерки за унапредување на превенцијата и заштитата од сите форми на насилство врз жените и семејното насилство

1.Превенција

Промена на ставовите, родовите улоги, стереотипите и оправдувањата кои се засноваат на култура,   обичаи,   религија   кои   го   прават   прифатливо   насилството   врз   жените,   како   и подигнување на јавната свест за различните форми на насилство врз жените. Соработката со невладините организации, средствата за јавно информирање и приватниот сектор е клучен елемент за промовирање на нула толеранција кон насилство врз жените.

Отварање  на  советувалишта за сторители на семејно  насилство  достапни  во  повеќе  Дополнување на наставните програми на сите нивоа на образование (со содржини како: еднаквост меѓу жените и мажите, нестереотипни родови улоги, заемна почит, родово засновано насилство и   Обука   на   професионалци   (креирање   и   реализација   на   програми   за   обуки   на релевантните професионалци кои работат со жртви или сторители, за откривање и спречување на таквото насилство, спречување на секундарна виктимизација и еднаквост меѓу жените и мажите).

2.Интегрирани политики и собирање на  податоци

Превземање мерки за усвојување и спроведување на ефективни сеопфатни и координирани политики кои се однесуваат на спречување и борба против сите форми на насилство врз жените и семејното насилство.

Заложба за распределување на финансиски и човечки ресурси за соодветно имплементирање на програмите и политиките, вклучувајки го и финансирањето на невладините организации кои работат на оваа проблематика.

Унапредување на системот за прибирање на податоци за жртви на семејно насилство; Воспоставување  на  систем  за  прибирање  на  податоци  за  различните  форми  на насилство врз жените;

Спроведување на национални истражувања за преваленцата на различните форми на насилство врз жените и домашно насилство во определени интервали.

3. Унапредување на законската рамка

Ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од сите форми на насилство врз жената и домашно насилство.

Унапредување и имплементација на  постоечката законска регулатива што го адресира семејното насилство;    Инкриминирање на различните форми на насилството врз жените;

Итна реакција на органите за спроведување на законот и пристап на жртвите до посебни мерки на заштита во текот на истрагата и судските постапки.

Зголемување на   достапноста и ефективноста на привремените мерки за заштита од семејно насилство;

Унапредување  на  Законот  за  бесплатна  правна  помош  со  цел  обезбедување  набесплатна правна помош за сите жени жртви на насилство, вклучително и семејното насилство.

4. Услуги за заштита и поддршка

Обезбедување одржливост на сервисите преку развивање на програма за подршка од државата и дефинирање на систем за нивно финансирање од страна на државата во партнерство со локалните самоуправи и невладините организации кои работат на оваа проблематика;

Специјализирана  поддршка за жртвите на насилство  во  форма на здравствена,  психолошка помош и правно советување, поставување на потребите и безбедноста на жртвата како приоритет при постапувањето, како и достапноста на засолништата и бесплатните телефонски линии.

Отворање специјализирани засолништа за жени жртви на насилство, достапни во секој регион, со едно место на секои 10.000 жители; или доколку шелтер центрите се дел од општествена стратегија за интервенција треба да постои место за едно семејство на 10.000 жени;

Минимум една бесплатна национална СОС линија, оперативна 24 часа 7 дена, со поддршка на сите јазици кои се употребуваат  во заедницата и за сите видови на насилство врз жената;

Кризни центри за помош на жртви на силување, минимум еден на 200 000 жени,

Центри за жртви на сексуално насилство, минимум еден на 400 000 жени; Минимум  еден  советувалишен  центар  на  50  000  жени  (кој  ке  обезбедува советување од секаков тип: кризна интервенција, психолошко советување, бесплатна правна помош и др.);

Обука на стручен кадар за обезбедување на услуги на жртви на различни форми  Обезбедување на одржливост на сервисите преку развивање на програма за подршка од државата.

Извор: Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство

partners partners partners partners partners partners