20.12.2012
Учество на ДСМ во програмата: Политички дијалог помеѓу младите во Република Македонија
Претставници на младинската организација на Демократски сојуз на во периодот на месец Октомври и Ноември 2012 учествуваа во обуките за Односи со јавност и комуникација со медиуми и Менаџирање и планирање на политички кампањи, организирани од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – ОХРИД .
Членовите на младинските организации на 15 политички партии, беа поделени во групи од мешан карактер и активно земаа учество во тренинзите и дискусиите.
Предавањата на експертите на Институтот Охрид и дискусиите опфатија повеќе теми и полиња на интерес, меѓу кои односот на малцинствата и поединецот, малцинствата како политичка категорија, стратешко планирање во политиката, начини на креирање на стратегии, а воедно се иницираа и различни теми на дискусии и дебати како на пример, Европските аспирации на Македонија, Европската унија и институциите, Спорот на Р. Македонија со соседот, Рамковниот договор, историјата на Р. Македонија и нејзиниот развој итн.
Програмата “Политички дијалог помеѓу младите во Република Македонија“, заврши со семинар во Струмица на кој беше спроведена симулација на изборен процес.