05.04.2013
Учество на ДСМ на форум: Младите во политика или политика за младите
Претставници на подмладокот на Демократски сојуз, на 03.04.2013 година, учествуваа на форумот „Младите во политика или политика за младите“ дел од програмата “Политички дијалог помеѓу младите политичари во Република Македонија“ организирана од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид.
На форумот учествуваа претставници од подмладоците на 14 политички партии во Р.Македонија, како и претставници од Парламентот на Република Македонија. Темата на која се водеше дискусијата беше “Младинска невработеност и одлив на мозоци – решенија и спречување на овој тренд“.Претставниците од подмладоците на политичките партии во Р. Македонија дадоа придонес и разговараа околу решенијата за намалување на невработеноста и одливот на мозоци.
Подмладокот на Демократски Сојуз, како решение на овој проблем, кој пред се ги засега младите во Р. Македонија, излезе со став дека е потребно да се отворат нови работни места. Со цел да се постигне подобро и зголемено вработување и задржување на младите мозоци во Р. Македонија, беше презентирана и трибината организирана од Демократски Сојуз на тема „Како до нови работни места“, како и предлозите кои беа дадени од граѓаните.
Ние како подмладок на Демократски Сојуз, сме фокусирани кон решавање на проблемот и секојдневно се трудиме да пронајдеме идеи со коишто би можеле да допринесеме за намалување на невработеноста и одливот на млади мозоци од Македонија. Истовремено ги покануваме граѓаните на РМ да ги споделуваат своите идеи со нас и заеднички да работиме на подобрување на состојбите во земјата.