20.03.2016
Свечена седница по повод V-ти Конгрес на ДС
Обраќање на Миодраг Димов, претседател на ДСМ
Почитуван претседателе, почитувани гости и делегати.
Ми претставува огромна чест и задоволство, од името на младината на Демократскиот сојуз, да го отворам петтиот Конгрес на Демократскиот сојуз!
Во период од 16 години, Демократскиот сојуз континуирано и активно се залага за објективност, транспарентност и конструктивност во политичкото функционирање.. Партија која заслужено го содржи епитетот „демократски“, која докажала и покажала во безброј наврати дека искрено се бори за напредокот на Република Македонија во сите сфери.
Демократскиот сојуз, преку своето политичко делување влијае на состојбите во Македонија и тоа граѓаните го препознаваат.
Се повеќе сограѓани пристапуваат кон оваа партија бидејќи секојдневно се уверуваат во искрените заложби за позитивни промени, за владеење на правото и вистински прогрес на Република Македонија. Помеѓу овие граѓани се и многу млади луѓе, кои поддржани од Демократскиот сојуз, ја спроведуваат амбицијата за промени, за правда и прогрес.
Демократскиот сојуз има план и намера да го спречи трендот на иселување на младите луѓе и да им обезбеди европски услови за живот, тука во Македонија.
НИЕ имаме план да обезбедиме стабилна држава, демократски институции, владеење на правото, силен социјален систем и животен стандард за пристоен живот.
ЗА младите на ДС на прво место се силата na младите, респект за знаењето на возрасните, мудроста на постарите- така ние ја гледаме иднина!
Сите заедно за Македонија!
Од името на подмладокот на нашата партија порачувам: младите ќе останат во Македонија и ќе се изборат за заслуженото место во општеството и политиката. Ние ќе докажеме дека имаме глас и ќе успееме во напорите да ја градиме и подобриме Република Македонија!
НИе сакаме, ние знаеме , ние можеме!