Претседателот на ДСМ Петровски на трибина: „Неопходно е заедничко дејствување на младите“



19.3.2024

Претседателот на ДСМ Петровски на трибина: „Неопходно е заедничко дејствување на младите“

На 18.03.2024 година, претседателот на ДСМ Богоја Петровски во Клуб на пратеници учествуваше на трибина на тема: ,,Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“.
 
Трибината не беше натпревар за политички поени, туку придонес кон заедничкиот напредок и кон зајакнат демократски дијалог во пресрет на изборите. Од тие причини, во Клубот на пратеници имаше искрена дискусија  и што младите партиски и граѓански активисти отворено ги споделија своите ставови за учеството и одговорноста на младите во општествено-политичките процеси, како и за најголемите предизвици со кои се соочуваат. 
 
На настанот свое излагање имaше и Богоја Петровски од Младите на Демократски сојуз кој го истакна следново:
 
Неопходно е заедничко дејствување на младите, усогласување на нивните ставови во однос на клучните прашања и институции во кои нетреба да постои политика како што се образованието, здравството итн. Понатаму посочи дека  многу малку е имплементиран Законот за млади и младинско учество и неопходно е поголема активност од страна на сите млади за имплементацијата на истиот.
 
Повеќе на следниот линк.

partners partners partners partners partners partners