25.09.2013
Претседателот на ДСМ на Панел дискусија со европратеникот Кукан
Претставници од Претседателството на ДСМ, присуствуваа на панел дискусијата „Младите во политиката и ЕУ интегративните процеси“ која ја организираше „Институт Охрид“ во Холидеј Ин на 23 септември 2013 година.
Во дискусијата учествуваа почесниот гостин Едвард Кукан, Пратеник во Европскиот Парламент и претставници на младинските организации на политичките партии во Република Македонија, при што збор зема и Претседателот на ДСМ, Даниел Ефтимов.