ДСМ во учество на работилница за Подготовка за претстојните избори: Подобра комуникација и успешна кампања



25.3.2024

ДСМ во учество на работилница за Подготовка за претстојните избори: Подобра комуникација и успешна кампања

Во текот на изминатиот викенд, претседателот на ДСМ Богоја Петровски, беше дел од активностите на АЛПИ програмата организирана од Меѓународниот републикански институт.

„Подготовка за избори: комуникација и обука за успешна кампања“ - беше темата на последниот модул од АЛПИ програмата, организирана од ИРИ, во која учествуваше и претседателот на ДСМ Богоја Петровски.

Темата беше разработена низ различни активности и работилници за подобрување на комуникацијата и меѓусебното разбирање како и начинот на водење успешна кампања.

На модулот во улога на ментори беа Кристофер Бренан, резидентен програмски директор на ИРИ за Република Македонија и Џон Џ. Флухарти, резидентен програмски директор на ИРИ за Република Албанија.

partners partners partners partners partners partners