ДСМ во Неготино: Младите и нивна вклученост во Програмата на Демократски сојуз



18.04.2016

ДСМ во Неготино: Младите и нивна вклученост во Програмата на Демократски сојуз

Во саботата, 16.04.2016 година, Демократски сојуз млади одржа трибина во Неготино, на која свое излагање во поглед на вклученоста на младите  во  програмата на Демократскиот сојуз имаше претседателот на ДСМ Миодраг Димов, потпретседателот на ДСМ, Александар Илиевски и претседателот на млади од Општинската организација на  Демократски сојуз – Неготино, Трајче Димов.

ДСМ ги организира овие средби со цел младите да се вклучат повеќе,  да внесат промени и свеж воздух во оваа загадена политичка клима, да дадат придонес кон промена на црно- белата политичка слика и да внесат нови и свежи бои во Република Македонија.

На трибината беа потенцирани значењето на младите и нивната инволвираност во актуелните збиднувања, но и воопшто во општествениот живот на Република Македонија.  Младите, како битен чинител на севкупното живеење во општеството, секако се застапени во програмата на Демократскиот сојуз, каде се понудени решенија за намалување на појавата на иселување на младите од Република Македонија, најчесто  високообразовни и стручни кадри, кои се  потребни во идното функционирање на општеството во  Република Македонија. Ако на оваа појава не се застане на патот, за неколку години потенцијалот на млади и стручни кадри во Република Македонија значително ќе ослаби. За овие кадри нашата држава вложила многу, овозможувајќи  од нивната најрана возраст,  згрижување во градинки, основно образование, средно образование и високо образование. Кога тие кадри треба да придонесат кон општеството и да овозможат подигање на наредни генерации, тие ќе бидат некаде во белиот свет и ќе придонесуваат во нечие  општество кое не вложило ниту цент во нивната стручност.

Од друга страна и нивните поколенија нема да бидат во Република Македонија, а прашање е дали и воопшто некогаш ќе се вратат, што ќе значи прекин на природниот процес на живеењето во една држава.

За таа цел Демократскиот сојуз кон овој проблем пристапува најодговорно и во својата програма предвидува поинакви решенија, каде младите ќе бидат во фокусот на општеството. Се нуди еднаква можност за сите при  аплицирање за вработување, стандардни критериуми, посебни подобности при решавање на станбено прашање,  вработување  по завршувањето на студиите на една година  во претпријатија на товар на државата и слично.

Присутните се изјаснија дека ги прифаќаат ваквите промени, за разлика од досегашната пракса на членски книшки и нееднакви можности за сите. Се повеќе млади и покрај моќта на поголемите партии, ги одобруваат политиките и мерките на ДС и пристапуваат во редовите на партијата.

partners partners partners partners partners partners