30.10.2017
ДСМ ВО УЧЕСТВО НА ИЗБОРНА СИМУЛАЦИЈА
Демократски сојуз на млади (ДСМ), учествуваше на изборна симулација која беше предводена од Охрид Институт.
Изборната симулација имаше за цел да ги обучи младите политичари за текот на изборниот процес- дводневна интензивна тренинг програма за изборна кампања, изборен ден, како и комплементарен дел за PR и однос со медиуми во време на изборна кампања.
Изборната симулација се одржа од 20– 22.10.2016 година, во хотел „Континентал“, Скопје.Учеснички во Изборната симулација од ДСМ беа Елена Михајловска, претседател на ДСМ и Теодора Василова, секретар на ДСМ.