12.03.2014
ДСМ се обврза на фер и демократски избори
ДСМ заедно со подмладоците на уште 16 политички партии од земјата, се потпиша за фер и демократски избори. ДСМ очекува достоинствена кампања, фер и демократски избори без заплашување, уцени, навреди и клевети на политичките неистомисленици, како и без притисоци врз граѓаните на денот на изборите.
Претседателот на ДСМ, Даниел Ефтимов, во своето излагање нагласи:
„Младината на Демократски сојуз ја изразува својата целосна подготвеност и посветеност да придонесе за достоинствено, фер и демократско однесување на младите за време на престојаната кампања.
Политичките подмладоци се многу важен сегмент во Република Македонија и се од исклучителна важност бидејќи во себе инкорпорираат огромен процент на млади луѓе и со своето однесување за време на изборите и изборните кампањи, директно влијаат врз однесување на една цела група во државата.“
Активноста за потпишување на Декларацијата за фер и демократски избори ја организираше Институтот за економски стратегии и меѓународни односи од Охрид.