28.09.2017
ДСМ потпиша Декларација за слободни и фер избори
Демократски сојуз млади (ДСМ) и уште 24 подмладоци на политички партии денеска во Скопје во пресрет на одржувањето на локалните избори потпишаа Декларација за слободни и фер избори.
Со декларацијата тие се заложија за спроведување на фер, слободни и демократски избори, организирање на достоинствена кампања и за намалување на говорот на омраза на социјалните мрежи и во секојдневниот живот.
Претставниците на политичките подмладоци изразија задоволство што се зголемува бројот на подмладоци кои ја потпишуваат Декларацијата и се заложија дека ќе се придржуваат кон начелата на документот.Ова е прво потпишување на Декларацијата по повод локалните избори откако претходно подмладоците на политичките партии двапати потпишаа декларација пред предвремените парламентарни избори во 2014 и 2016 година.
Денешното потпишувањето на Декларацијата е во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид.
Извор: А1ОН