ДСМ избраа ново раководство



14.03.2015

Младите на Демократски сојуз избраа ново раководство

 
Денес, на 14.03.2015 година, Демократски сојуз на младите, го одржа петтото Изборно собрание на кое за претседател е избран Миодраг Димов (правник)  за потпретседатели: Александар Илиевски (филолог) и Јово Батковски (м-р по право), а за секретар Елена Денковска.

Досегашниот претседател на ДСМ, м-р Даниел Ефтимов, во својот извештај за досегашните активности, порача: Во младите е иднината. Младите на Демократскиот сојуз како подмладок на партијата сметаат дека на македонската држава и се потребни млади луѓе кои ќе бидат ГЛАСОТ и ЛИКОТ на Македонија.

На собранието имаше и свое обраќање Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, кој зборуваше за актуелната политичка состојба и нагласи: “Наместо натамошни конфронтации и поделби, повикувам  на разумно однесување и политички дијалог за излез од длабоката политичка криза, која има негативен одраз врз стабилноста, економскиот развој и владеење на правото”.

Трајанов смета дека кризата не може да се реши со протести, митинзи и со манипулативна медиумска кампања, туку со искрен пристап, сплотеност, единство и водење сметка за националните и државните интереси, повикувајќи да се престане со ширењето на омраза и меѓусебни навреди.

Трајанов најави дека во текот на наредната недела ќе го промовира “Проектот за Македонија да биде една изборна единица”, оценувајќи дека тоа е модел кој ќе обезбеди фер и демократски избори ,а изборните резултати ќе бидат реален одраз на волјата на граѓаните. 

Во работата на Собранието учествуваа над 120 делегати, при што во дискусијата беше нагласена определбата и потребата, да се создаваат услови за младите, креативни и стручни кадри да останат во Македонија .

partners partners partners partners partners partners