ДСМ го одбележа Светскиот ден на ненасилството



02.10.2015

ДСМ го одбележа Светскиот ден на ненасилството

Демократскиот сојуз на младите, по повод 2-ри октомври - Светскиот ден на ненасилството, апелира до граѓаните на Република Македонија да изнаоѓаат конструктивни решенија за мирно решавање на секојдневните проблеми и несогласувања.

На овој ден, ние, младите на Демократскиот сојуз повикуваме на разумно и совесно однесување засновано на почитта едни кон други. Сметаме дека толеранцијата, дијалогот, меѓусебното почитување и разбирање се вредностите кон кои треба да се стремиме како едно цивилизирано и демократско општество.

Според неодамнешните податоци на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на починати лица од насилна смрт е намален за 10.7% во однос на претходната година и изнесува 493 лица. Во структурата на починати од насилна смрт според полот, исто како и во 2014 година, но и претходните години поголемо учество имаат машките лица и тоа 74.6%.

Секој ден сме опкружени со информации кои изобилуваат со насилство или се однесуваат на употреба на насилство за да се докаже или освои одредена цел.Ние, младите од Демократскиот сојуз, сметаме дека секојдневните пречки, конфронтации и несогласувања можат и треба да се решаваат на мирен начин, на начин на којшто секој ќе го искаже своето мислење и ќе се залага за решенија преку дијалог со избегнување на насилен вербален или физички напад, без оглед на видот на несогласувањето.

Во одбележување на овој ден, ДСМ подели флаери на четири локации во Скопје, како и во повеќе градови низ Република Македонија со цел зголемување на свеста на граѓаните за насилството во државата, со слоганот: „Биди човек, одбери ненасилство“. 

partners partners partners partners partners partners