ДСМ: Демократија-никогаш доволно



15.09.2015

ДСМ: Демократија-никогаш доволно

Демократскиот сојуз на младите, по повод Светскиот ден на демократијата (15-ти септември) апелира до структурите на власта секојдневно да се заложуваат и да вложуваат напори кон зачувување и подобрување на имплементирањето на постулатите на демократијата – основните принципи на функционирањето на демократското општество: слободите, правата, еднаквоста.

Подмладокот на Демократскиот Сојуз, препознавајќи и практикувајќи ја демократијата како основен двигател на денешното општество во светски рамки, го одбележува Светскиот ден на демократијата кој означува стремеж кон подобрувањето на вреднување на еднаквоста, правата, заштитата, слободата и владеењето на правото.

Демократското општество како основа на функционирањето на денешните цивилизации е идеолошки и теоретски концепирано да го заштити, инволвира и му даде избор и право на секој поединец, еднаков меѓу сите, но пред се приоритетен – граѓанин. Меѓутоа, практицирањето и исполнувањето на принципите на ова државно уредување се тешки и подразбираат непрекинати заложби и напори на власта/граѓаните во секој сегмент на секојдневното функционирање. Основата на демократијата подразбира граѓаните да се власт, а власта да е граѓаните. 

За спроведување на овие принципи Демократскиот сојуз на млади смета дека е потребно целосно раздвојување на законодавната, извршната и судската власт, овозможување и заложба за слобода на говорот и еднакви можности за сите, како предуслов за демократија. Потребно е постојано надгледување и надградување на функционирањето и работата на институциите како би се поедноставиле и подобриле постапките, а воедно би се превенирале евентуални повреди на овие демократски принципи, а во насока на загарантирано демократско секојдневие на граѓанинот.

partners partners partners partners partners partners