13.12.2013
ДСМ: Дарувањето крв да стане наша навика
Крводарителната акција, која вчера, 12.12.2013 година, под мотото „Дарувањето на крв да стане наша навика“ ја организираа младите на Демократскиот сојуз, беше подржаа од над 60 дарители на крв. Акцијата се одвиваше во соработка со екипите на Црвениот крст, а со цел некому да му подарат години живот, учесниците издвоија неколку минути од своето време и обезбедија поголем број единици крв.
Водени од податокот дека редовното донирање на крв значи дека секогаш ќе има достапно доволно количество крв, младите на Демократскиот сојуз ги повикаа сите дарители, и активни и нови, да земаат учество во вакви акции, бидејќи секојдневно, разни хируршки интервенции и медицински процедури имаат потреба од трансфузија на крв.
Со вчерашната крводарителна акција, младите на Демократскиот сојуз уште еднаш сакаа да ја потсетат јавноста дека се уште, единствениот начин да се добие крв е преку донирање и дека овој хуман гест, кој треба да биде редовна навика, значи дарување живот.