Скопје, 15 септември



Скопје, 15 септември

УЧЕСТВО НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА ЈАВНАТА ТРИБИНА „ЗАКОН ЗА МЛАДИ – МЛАДИНСКО И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДЕМОКРАТСКИ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА”

Иницијатори за одбрана на учеството на младите во носењето на младински одлуки денеска одржаа прва јавна дебата во која пратеници, претставници на невладини организации и млади дискутираа на иста маса за младински прашања. Големиот број на млади присутни слушатели беше доказ дека младите имаат свои ставови кои треба да бидат слушнати.

„Покрај дебатата која се случува во Собранието истата сакаме да ја прошириме на повиско ниво и во неа да се вклучат голем број на млади и младински организации. Креирањето на закон е голем чекор напред кон позиционорањето на младите во општеството но истиот неможе да биде превземен без вклучување на младите во процесот“, рече Дона Костуранова, Претседател на Младински образовен форум.

Пратеникот Павле Трајанов, смета дека Законот треба да воведе основи на младинско организирање, а на младите треба да им биде оставено да бираат како ќе се организираат.

„Законот има крупни недостатоци. Владата има интенции да стави стеги на младинското организирање“, рече Трајанов.

Пратеничката од СДСМ Тања Томиќ вели дека потребно е да се направи стратегија за млади која ќе ги решава проблемите на младите и смета дека е потребно Националната стратегија за млади или да се ревидира или пак да се направат акциони планови со чија помош ќе се решаваат младинските проблеми.

Ивон Величковски, пратеник од ЛП смета дека Владата треба да разбере дека ова се невладини организации, младинското здружување и партнери но не се дел од Владата, како дел од законодавниот процес или производ на законодавен дом.

Од друга страна пак,Стојан Лазаров, член на Извршен комитет и Унија на млади сили ВМРО ДПМНЕ вели дека организираност на младите не значи исполитизираност или искористување на младината како што гледавме неодамна.

„Досега во Парламентот се зборуваше за пропадната штедилници, но никогаш не отвори дискусија за Закон за млади“, вели Лазаров.

partners partners partners partners partners partners