17.04.2015
Трајанов за ТВ Телма: Како до разрешница на политичката криза?
Политичката криза во Македонија предизвикана од аферите ,,Пуч,, и ,,Бомба,, беше во фокусот на анализата на вечерашното издание на Топ Тема во која учествуваа Професорот Тони Дескоски и лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов.
Според Дескоски, формирање влада на национален спас со учество на најголемите политички партии е единствено решение кое гарантира мирен излез од кризата и избегнување на црните сценарија и опасностите од продлабочувањето на политичкиот конфликт.
Трајанов оцени дека најкасно до Јуни, во парламентот треба да се усвои широка политичка платформа со подршка на релевантните политички субјекти, која треба да содржи и промена на уставот, изборниот законик.
Тој не ја исклучува ниту можноста од формирање на технократска влада која ќе треба да ги спроведе сите неопходни подготвки за организирање предвремени парламентарни избори, како конечно решение на кризата.
Видео од гостувањето на Павле Трајанов во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма
Извор: ТВ Телма