Трајанов за Плусинфо: Следен чекор на Иванов е да си поднесе оставка

07.06.2016

Трајанов за Плусинфо: Следен чекор на Иванов е да си поднесе оставка

Одлуката за целосно повлекување на аболиција што ја донесе Ѓорге Иванов е резултат на граѓанскиот и политички аргументиран притисок како и притисокот на меѓународната заедница, бидејќи таа одлука значеше уривање на правниот поредок и продлабочување на кризата.

Сега следен чекор што треба Иванов да го направи е да се повлече од функцијата претседател и со парламентарните избори да има и претседателски бидејќи направи огромна штета на државата. Тој нема легитимитет да биде претседател на државата. Дополнителен аргумент е и тоа што тој е избран со креирани гласачи. Иванов нема легитимитет и кредибилитет да ја води државата.

Трајанов смета дека многу скоро ќе се формира реформска влада која ќе треба да создаде услови за одржување на фер и демократски избори.

Може да има ориентационен датум за избори, кој ќе зависи од исполнувањето на условите. Има пресврт во расположението на граѓаните и според последните анкети поголема е поддршка што ја има опозиција поради што и треба побрзо да се оди на избори.

Извор: Плусинфо



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners