Трајанов за Локално: Автократското лидерство мора да исчезне – Македонија е пред политички и економски колапс

25.07.2015

Трајанов за Локално: Автократското лидерство мора да исчезне – Македонија е пред политички и економски колапс

Македонија е во сериозна политичка  и системска криза. Власта и опозицијата се на жестоки и тврди позиции, во кои има многу блефирања и протоколарна подготвеност за преговори. Колку договорот на Хан е основа за надминување на политичката криза?

Трајанов: Во целина е резултат на компромис, и пред сѐ во заштита на интересите на четирите политички партии, посебно нивните лидери, но генерално може да биде основа за постепено излегување од политичката криза, и основа за градење на демократски институции и владење на правото.

Клучна одредба на договорот е специјалниот јавен обвинител кој е гаранција дека креаторите на кризата ќе бидат предмет на истрага и основа за граѓаните да се чувствуваат многу послободни и да се промени вкупниот амбиент, во позитивна насока.

„Бомбите“ посочија многу изместувања  и приватизирање на институциите и  системот,  кршења на граѓанските човекови права, криминали –како ќе се решава?  Што ќе прави сега Зврлевски?

Трајанов: Согласно уставот на РМ Јавниот Обвинител, е државен орган кој ги открива и гони сторителите на кривичните дела, ја води истрагата, при што се  наметнуваат  дилеми од експертската јавност дали е можно да функционира специјалниот Јавнен Обвинител. Само да ги потсетам кога се менуваше законот за Јавниот Обвинител и  Законот за кривична постапка, тогаш првобитната верзија беше постоење на Јавниот Обвинител за организиран криминал, кој ќе биде целосно издвоен од хиерархиската подреденост на Јавниот Обвинител на РМ. Во тоа време на барање на Јавниот Обвинител Шврговски,  сепак се вгради во системот на хиерархија, но со голема самостојност. Затоа сметам дека овој специјален Јавен Обвинител мора да биде со целосна самостојност  на располагање, да има искусен кадровски потенцијал, технички и други основни предуслови за да функционира и да биде резистентен на какви било влијанија, и во таа насока истиот треба да го избира Парламентот со дво-третинско мнозинство.

Овој обвинител, треба да има многу прецизни надлежности и овластувања, за откривање и гонење на сите оние што го прекршиле Уставот и законите, преку кршење  на основните човекови права и слободи, или биле инволвирани во други тешки облици на организиран криминал , вкучително и оние кои ја  загрозиле  националната безбедност.

Колку оваa  криза е последица на лошото автократското лидерство или последица на лошата системска поставеност?

Трајанов: Политичкиот систем или начинот на неговото практицирање циклично продуцира кризи, тоа пред сѐ е поради тоа што една од партиите која добива најголема поддршка етаблира еднопартиски ситем,  и ги суспендира  извршната , законодавната  и судската власт. Клучните одлуки се носат во партискиот врв или поедноставно кажано сe зависи исклучиво од лидерот на партијата на власт. Изборниот модел ја дели Македонија на  6 изборни единици, а тоа е основа за функционирање на авторитарно владење на Македонија од 1990 наваму. Овој механизам промовира лидери кои апсолутно немаат лидерски карактеристики, но скоро кај сите досега се манифестираше скриената желба за неприкосновено владеење.

Доколку сакаме да излеземе од кризата мора да се направат системски промени и голем дел од нив се нотирани во извештајот на Прибе, односно Европската Комисија. Во тој правец можна е демонтажа на еднопартискиот систем само до колку Македонија биде една изборна единица и се создадат услови за рамноправен политички натпревар.

Инаку ако направите анализа кој одлучува за разрешување на кризата сe поизвесно е дека тие најмногу се одговорни за длабоката политичка  криза и ниту еден од нив не може да биде фактор за разрешување на кризата, или носител на промени за надминување за кризата.

Сакате да кажете дека без ЕК и САД и Хан како главен преговарач немаме капацитет  за излез од кризата со ова лидерство?

Трајанов: Веќе посочив дека генераторите на кризата не се подготвени да го променат стилот на политичко дејствување и најверојатно ќе работат на развлекување на системските промени, и ќе градат  позиции за да се одбегне нивната политичка, но и друг вид на одговорност. Јас сум убеден дека во Македонија постојат креативни сили кои што можат да направат пресврт и целосно да ги инплементираат европските вредности. Доколку сакаме позабрзано чекорење кон Европската унија и НАТО, треба да им дадеме шанса на лидери кои што се растеретени од лични и теснопартиски интереси и кои немаат путер на главата.

ЕУ и другите меѓународни организации,  вклучително и САД, убеден сум дека долго време веруваа на дадениот збор, тоа време е потрошено, тие заедно со граѓаните на Македонија,  ќе бараат конкретни резултати. Тие што ќе ги опструираат демократските и евроинтеграциските процеси,  ќе бидат посочени како лидери кои со својата деструкција ја дестабилизираат Македонија, постојано ја враќаат назад, ја потпкопуваат економската основа на државата и делат билети во еден правец за младите и перспективни кадри. Сите овие ќе бидат поразени на предвремените избори.

Лошто лидерство е едно, а задолжувањата и лошата економска ситуација?

Трајанов: Прво и најважно е да се подобри општиот амбиент во државата, со што сите оние кои се со менаџерски дух ќе отпочнат со организација на бизнис проекти  и отворање на работни места, како основа младите да сакаат останат овде, во својата татковина. Посебно е битно да се подготви развоен буџет кој што ќе биде насочен во функција на создавање услови (инфраструктурни и други) за изградба на производствени капацитети, нови технологии, софтверски компании и сe она што создава нова вредност и целосна редукција на непродуктивните трошења. Како што е вработување во администрација за зголемување на потенцијални гласачи или пак бесно трошење за споменици и слични глупости. Македонија не смее да се задолжува за да ја плаќа партиската администрација, и без реални можности тие кредити да бидат сервисирани на време.

Со вакви девалвирани институции, лошо лидерство, како што велите, лоша системска поставеност, кој да ја  извлече Македонија од оваа криза?

Трајанов: Сe повеќе има мобилизација помеѓу граѓаните, интелектуалците, граѓанското општество, за формирање на нова граѓанско-политичка сила, која што би била поддржана на изборите и во која можат да се вклучат најкреативните, искрените и способни кадри, растеретени од дневно-политичките интереси, да ја поведе државата на вистинскиот пат. Во оваа насока Демократскиот сојуз, веќе објави дека подготви платформа како основа за обединување и пресврт во РМ, платформа која е отворена  за  сите оние кои не се согласуваат со црно-белата слика на општеството која е присутна 25 години.

Подготвени сме без било какви лидерски оптоварувања да бидеме основа за формирање на оваа широка платформа и да создеме можност да се соберат на едно место сите капацитативни кадри и сите кои размислуваат не само за денес туку и за поинакво европско утре за Македонија.

Граѓаните подготвуваат своја анкета за рејтингот на сите нас и тие резлултати ќе ги објават вечерта на 24 април, кој за многу партии и лидери ќе биде крај на нивната манипулативна политика.

Извор: Локално 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners