Трајанов за Кирилица: Ако има меѓународна истрага за Куманово, таа треба да ги опфати и Косово и Србија

03.07.2015

Трајанов за Кирилица: Ако има меѓународна истрага за Куманово, таа треба да ги опфати и Косово и Србија

Ако има меѓународна истрага за полициската акција во Куманово, таа треба да ги опфати и Косово и Србија, зашто настаните и личностите кои се инволвирани ги засегаат и овие две соседни држави.

Трајанов, не е лесно да се покрене механизмот на меѓународна истрага, каква што побараа повеќе странски инстанци непосредно по полициската акција во кумановското Диво Насеље, во која загинаа осум полицајци и најмалку десет припадници на вооружената група. Освен официјална Приштина и Тирана, такви изјави дадоа и словенечкиот претседател Борут Пахор, како и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер. Исто така, Иван Шимоновиќ, помошник на генералниот секретар на Обединетите нации, кој допатува во Скопје, ја нагласи потребата од меѓународна истрага за кумановските настани, а тоа лично му го препорача и на обвинителот Марко Зврлевски, за време на средбата со него.

Трајанов, механизмите за активирање на меѓународна истрага од ваков тип воопшто не се едноставни.

- Не е дефинирано кој треба да иницира меѓународна истрага за Куманово. Тоа е доста комплицирана ситуација. Едно е да се даваат изјави во јавноста, а сосема друго да се почне конкретна процедура за иницирање таква истрага. Освен Македонија, тоа може да го стори само ООН, преку Советот за безбедност или некое од нејзините тела, по иницијатива на Косово, на Албанија, па можеби и на Србија, затоа што некои од активностите на кумановската група се одвивале во регионот на Прешево. Таква истрага би требало исто така да опфати активности во овие три држави, и од неа треба да се добијат конкретни сознанија за тоа кои биле мотивите на таа група, со кого била поврзана и така натаму. Таква истрага би и одговарала на Македонија, и треба да се поддржи.

Според Трајанов, Македонија може и сама да побара истрага, но тогаш ситуацијата е поинаква.

- Друг начин е самата Македонија да побара стручна помош во истрагата, но тогаш таа истрага би се свела само на тоа што се случуваше кај нас, а тоа нема да ја даде комплетната слика, па и јас сум против таква истрага. Ако има истрага, таа треба да ги опфати, во најмала рака и Косово и Србија, затоа на Македонија и одговара само поширока меѓународна истрага, а не и истрага која самата би ја покренувала.

Трајанов, таквата истрага би требало да вклучи експерти од безбедносните служби на големите сили, како Германија, САД, Велика Британија.

- Се формира тим, или комисија, како ли ќе се нарече, која треба да спроведува истрага и тесно да соработува со безбедносните служби на засегнатите земји, да добива од нив разузнавачки информации, во случајов од Косово, Македонија, Србија, па дури и од Албанија. Е сега, теоретски тоа е одлично, но во пракса таквите комисии не се секогаш ефикасни. Службите на засегнатите држави ограничено соработуваат со нив, до она мерка до која е во нивни интерес. На Македонија една таква меѓународна истрага, доколку се покрене би и одговарала. Со вклучување на важните сили и нивните безбедносни служби може да расчисти целиот случај, да се утврдат мотивите, и да се види каква била улогата на повеќе фактори, и на крај, да се дојде до прашањето на одговорност, без оглед од која страна се инволвираните.

Извор:Кирилица



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners