Трајанов во Сопиште : „Сончев град на Водно, промашен проект“

30.09.2015

Трајанов во Сопиште : „Сончев град на Водно, промашен  проект“

Вечерва во Сопиште Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, имаше средба со членовите и симпатизери на ДС, на која во своето обраќање нагласи: „ Живееме во време на сериозни предизвици и од сите нас зависи дали во државата ќе се воспостават принципите на одговорно однесување, владеење на правото и законите да важат за сите“.

Само со системски промени и јакнење на контролните механизми, можно е да се почитуваат правилата и сите оние кој ја злоупотребуваат власта да понесат одговорност, а криминално стекнатиот имот да се конфискува и да се врати на граѓаните.

Трајанов очекува да се прифати иницијативата на ДС, Македонија да биде една изборна единица, со што ќе се обезбеди основа, политичката определба на граѓаните да биде пресликана и во Парламентот.

На средбата граѓаните отворија и бројни прашања, меѓу кои и потребата од изградба на водовод, реконструкција на патот кој е во катастрофална состојба, изградба на спортска сала, детска градинка и сл.

Граѓаните изразија  негодување за трошењето на неколку милиони евра за „Сончевиот град на Водно“ за кој нема економска оправданост, а се нанесоа огромни штети на Водно од еколошки аспект.

На средбата беа дадени и голем број на иницијативи за потребата од изградба на производствени капацитети, кои не ја загрозуваат животната средина, посочувајќи дека невработеноста  и сиромаштијата  се едни од најкрупните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од оваа општина.

На средбата присуствуваа над 200 граѓани.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners