Трајанов: Само трета политичка сила е гаранција за промени

26.08.2015

Трајанов: Само трета политичка сила е гаранција за промени

ВРВ.МК: Како поранешен Министер за внатрешни работи, врвен аналитичар во МВР, прислушувањето секако не ви делуваше изненадувачки. Има ли лек за безбедносните служби? Дали си ја вршат својата функција и задачи во рамките на уставните и законски надлежности, или повеќе се бават со прибирање информации и компромитирачки материјали за уцена и влијание на општествено-политичките и бизнис процеси во државата?

ПТ: Безбедносниот систем е целосно разоран и неопходни се реформи, но пред се механизми за целосна цивилна контрола. Настаните во Куманово, каде 8 припадници на елитните полициски единици загинаа, а 38 беа повредени, покажуваат во каков хаос е и МВР.

МВР е класична партиска институција, која дејствува селективно и под директна контрола на раководството на партијата на власт. Силната партизација, придонесе МВР да биде институција од која граѓаните се плашат и се сомневаат во нејзината објективноста и законското работење.

ВРВ.МК: Имавте ли соработка со Зоран Верушевски? Можно ли е поединец од надвор да има контрола на делови од УБК, да им издава наредби?

ПТ: Со Зоран Верушевски имав средба во месец Декември 1999-та година, кога требаше да си замине од позицијата Директор на ДБК. Од тогаш, немам никаква комуникација со него, ниту пак со оперативците кои наводно работеле по негов налог во прислушниот центар.

Не верувам во приказните дека некој од надвор го користи системот за масовно прислушување. Но, како и да е, одговорноста паѓа на Министерот за внатрешни работи.

ВРВ.МК: Ве немаше во досега објавените бомби. Се плашите ли вие и вашата партија да не се најдете на „дневен ред“ кај Специјалниот обвинител?

ПТ: Подолго време припадници на МВР предупредуваа дека системите за прислушување и тајно следење се злоупотребуваат, но со тоа лично не сум оптоварен. Специјалниот јавен обвинител ќе има поддршка од Демокртаскиот сојуз и од мене лично во целосно расчистување на мега аферата “Пуч“ и ќе инсистираме на одговорност за масовното прислушување, како и за целосна проверка на содржината на објавените разговори.

ВРВ.МК: Останувате во коалицијата За подобра Македонија? Се појавија толкувања дека за Груевски сте покорисен сам или во коалиција со помалите за да приберете дел од неопределените, неутралните на штета на опозицијата?

ПТ: Демократскиот сојуз е автентична политичка партија, со свој интегритет и препознатливи политички ставови. Подготвивме Платформа за обединување и пресврт во политичкото дејствување. Отворени сме за соработка со политички партии, граѓански асоцијации, пленуми, синдикални движења и поединци, но без лидерски амбиции, туку се залагаме за формирање на силна политичка групација која на наредните избори ќе добие најголема поддршка од граѓаните.

ВРВ.МК: Конечно големите партии се изјаснија. СДСМ е за една изборна единица. ВМРО ДПМНЕ за мнозински систем и бонус од 17 пратеници за победникот. За ДУИ една изборна единица е неприфатлива а мнозинскиот изборен модел застарен.

ПТ: Демократскиот сојуз кон ова прашање пристапи сериозно. Подготвивме анализа и со предлог на измени и дополнувања на Изборниот законик отворивме расправа во Парламентот. Како носители на овој проект, цврсто сме определени за пропорционален изборен модел со оптворени листи, а Македонија да биде една изборна единица. Мнозинскиот систем, со плус 17 пратеници бонус за победникот, ќе ги врати насилството и калашниковите на улиците.

ВРВ.МК: Уште верувате во „Трет пат“? Тоа, за разлика од бројните примери и искуства за политички пресврти во регионот, во Македонија делува како верување во Дедо Мраз.

ПТ: Веќе посочив дека само трета политичка сила е гаранција за промени, департизација на институциите, владеење на правото и силен економски развој. Верувам дека граѓаните се определени да поддржат нов политички блок. ДС прави се за тој субјект да се формира и да тргне во позитивна кампања.

ВРВ.МК: За гласањето на дијаспората се предлага воведување на своевиден цензус, електронско гласање, укинување на трите пратеници, вклучување на кандидати од дијаспората на пратеничките листи на партиите во Македонија… Кој е вашиот став?

ПТ: Дијаспората е нераскинлив дел од македонскиот и другите народи кои живеат во Македонија. Тие треба да имаат свои автентични претставници во Парламентот, но тие пратеници мора да го црпат својот легитимитет од гласачите. Тој што сака да ги застапува Македонците од Австралија треба да ја ужива нивната поддршка, барем на 10 % од нив.

Извор: Слободен простор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners