Трајанов предлага Закон за амнестија за корекција на неправдата

13.11.2015

Трајанов предлага Закон за амнестија за корекција на неправдата

Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз и пратеник, во Парламентот достави Предлог на закон за амнестија.

Врз основа на стручна анализа, споредбени искуства, бројни укажувања од граѓанскиот сектор, експерти, оценките од Европската комисија за владеење на правото, како и условите за издржување на казна, експертска група  ангажирана од Демократскиот сојуз подготви Закон за амнестија.

Со законот се предвидува: осудените лица - сторители на кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор до три месеци, сторители на кривичните дела криумчарење на мигранти по член 418-б став 2 од Кривичниот законик - потполно  се ослободуваат од извршувањето на казната; осудените лица - сторители на кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор од три до шест месеци, сторители на кривичните дела криумчарење на мигранти по член 418-б од Кривичниот законик, кои делото го сториле како дел од група, банда или друго здружение (член 418-в) - се ослободуваат за 50% од неиздржаниот дел на казната; осудените лица - сторители на кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор до една година, сторители на кривичните дела примање поткуп по член 357 од Кривичниот законик и давање поткуп по член 358 од Кривичниот законик - се ослободуваат за 33% од неиздржаниот дел на казната; осудените лица - сторители на кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор од една до десет години - се ослободуваат за 25% од неиздржаниот дел на казната.

Лицата кои на денот на стапувањето во сила на овој закон имале навршено 60 години, а се осудени  со  правосилна  пресуда  на  казна  затвор до пет години - се ослободуваат за 40% од неиздржаниот дел на казната.

Посебно е битно тоа што доколку осуденикот (амнестиран) до истекот на времето за кое му е изречена казната стори едно или повеќе кривични дела, казната ќе му се зголеми двојно за делот за кој што е ослободен од извршувањето на казната.

Инаку, амнестијата не се однесува на  лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор повеќе од десет години или со доживотен затвор и на лицата на кои со правосилна судска пресуда им е изречена казна затвор за дела на убиство и квалифицирано убиство; за кривични дела против човечноста и меѓународното право; за кривични дела против државата; за определени кривични дела против половата слобода и половиот морал (силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, обљуба со злоупотреба на положбата, посредување во вршење проституција, детска проституција, прикажување на порнографски материјал на дете, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување на обљуба или друго полово дејствие на дете кое не наполнило 14 години , родосквернавење); за кривични дела против бракот, семејството и младината, како и лицата осудени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  и овозможување на употреба наркотични дроги.

Амнестијата не се однесува и за повеќекратните повторници, односно лицата кои до денот на стапување во сила на законот биле осудени со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор повеќе од три пати.

Амнестијата е простување на казната од страна на државата, корекција на неправдата нанесена со судски одлуки кои се на „стаклени нозе“, но и реинтеграција на осудените лица во општеството.

За да се спроведе амнестијата, неопходен е политички и граѓански консензус, при што треба да се поаѓа од потребите за ваков чин, кој се практикува во сите држави.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners