14.02.2013
Трајанов повикува на дијалог
Демократскиот сојуз ги повикува лидерите на сите политички партии да одржат итна средба на која ќе се разговара за актуелната политичка состојба во државата и ќе договорат излезни решенија од истата.
Демократскиот сојуз смета дека приоритет на сите партии треба да бидат националните и стратешките интереси на државата и граѓаните.
Демократскиот сојуз оценува дека учеството на локалните избори, како и одржувањето на истите во демократска атмосфера е еден од клучните услови за нашите евро-атлански перспективи.
Формирањето на Парламентарна комисија за случувањата на 24.12.2012 година, враќањето на опозицијата во Парламентот, учеството на локалните избори и консензус околу надминување на предизвиците сврзани за односите со соседните држави, се прашања за кои може и мора да се постигне консензус.
Демократскиот сојуз смета дека сите треба да преземеме дел од одговорноста за актуелните политички состојби и да партиципираме во разрешување на истите.