Трајанов: Потребна е истрага за „Маѓар Телеком“ во Македонија

14.09.2015

Трајанов: Потребна е истрага за „Маѓар Телеком“ во Македонија 

Павле Трајанов, го смета за веродостојно сведочењето на Слободан Богоевски за американскиот суд и инсистира на истрага во Македонија во врска со случајот „Маѓар Телеком“.

Во интервју за порталот Нова ТВ, Трајанов смета дека тоа што сега се објави ова сведочење е силна порака до сите партии, СДСМ, ДУИ, па и до ВМРО-ДПМНЕ.

- Бидејќи тука се спомнуваат највлијателните луѓе во партиите. Али Ахмети е тука првпат директно посочен како инволвиран во овие процеси. За нас е битно да се отвори една истрага, нема бегање, кога одлуката ќе биде објавена ние ќе имаме обврска како држава да спроведеме постапка за да видиме дали и во која мера, кој, колку е одговорен и да се димензионира вината на секој.

За него е битно тоа што обласниот суд во Њујорк донел одлука со која што го прифаќа сведочењето на Слободан Богоевски како релевенатно бидејќи, смета дека тоа сведочење мора да се гледа во констелација на вкупните докази што се прибрани околу случајот „Маѓар Телеком“. 

- Тоа значи дека неговото сведочење, неговиот исказ е поткрепен со други релевантни материјални докази, документи, разговори од системите за прислушување, мејл комуникација, други разговори, ревизорски извештаи. Сето тоа судот го ценел и донел одлука дека неговото сведочење е релевантно и го прифаќа како такво. Судот можел да го отфрли и како нерелевантно и недоволно поткрепено со доволно материјални докази за сега да биде користено во постапката и да биде еден од клучните докази во носењето на конечната одлука. Колку што знам поротата треба да се изјасни во брзо време и да донесе конечна пресуда.

Според Трајанов, во времето кога се случувала аферата имало информации дека голем дел од документацијата биле доставени до јавното обвинителство, како и до весникот „Вечер“, кој објавил дел од таа докумнтација, до невладината Транспарентност, која иницирала некои активности, како и дека ревизорскиот извештај бил доставен и до владата.

- Сите овие докази биле достапни до јавниот обвинител и тој тогаш веројатно проценил дека, поради тоа што некои не се потпишани, не им посветил соодветно внимание, ниту пак побарал да се прошири истрагата преку сослушување на сведоци, обезбедување на други материјални докази. Тука за мене е клучно кој е тој што притиснал да се блокираат сите институции, да не работат на документирање за да се докажат сите тие евентуални злоупотреби. Тоа е клучно.

Тој потврдува дека премиерот Никола Груевски на еден или на друг начин бил информиран.

- За дел од случајот како можна документација, но за целокупниот случај јас не сум го информирал, бидејќи не сум имал информации за тоа.

Тој потврди дека Богоевски му доставил документи, кои вели дека стигнале на повеќе адреси.

- Обвинувањата се тешки и тие ќе предизвикаат тектонски и политички раздвижувања во Македонија и затоа е битно да се вклучат сите институции и да се открие вистината.

Според Трајанов, ДУИ и Муса Џафери можат да ги тужат судот и Комисијата за хартии од вредност зашто го објавиле сведочењето на Богоевски, кој зборувал како заштитен сведок. Вели дека сигурно некој од нив биле или ќе бидат повикани да сведочат и на тој начин би можеле да ги соочат фактите.

Во врска со спомнувањето на случај на убиство во целата ова афера, Трајанов вели:

- Јас знам дека постоеле материјални докази како поединечен сегмент, но целокупните активности што се одвивале ги знаат тие што биле директно инволвирани или тие што биле сведоци. Јас не можам да потврдам за делови од тоа сведочење на Богоевски.

Извор: Плусинфо



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners